Колку луѓето треба да бидат дел од заговор кога климатските промени би биле измама, а колку кога тоа би било случај со вакцинациите?  Ново, штотуку објавено истражување покажува дека кога се во прашање заговорите мнозинството големината никако не е предност. Др. Дејвид Грајмс од Оксфорд направил равенка која покажува во која мера бројот на заговорници ја намалува нивната способност за чување на тајната.612680-vakcina_1

Грајмс бил мотивиран од раширеноста на теориите на заговори со тема за науките, како што е движењето против вакцинацијата, или т.н. „климатски скептицизам‟. Како што вели, наместо априори да ги отфрли, тој решил да провери колку овие теории на заговори се можни – преку статистиката.

Замислил равенка која покажува веројатност на кој било заговор да пропадне, било случајно или намерно. Равенката вклучува чинители како што се бројот на заговорниците и должината на траењето, но и проценка на шансите било кој заговорник да го обелодени.

За потребите на оваа проценка користени се три историски примери на шепкачи, вклучувајќи го и познатиот случај со Едвард Сноуден. Овие примери се претворени во бројки, преку познати параметри како што се должината на траењето на заговорот пред обелоденување, како и рамковен број на учесниците. Резултатот е статистички пресметан број кој покажува колку брзо, во просек, би се распаднал некој заговор во зависност од бројот на заговорниците.

За да ја промени својата математичка пресмртка на постоечка „теорија на заговор‟, Дејвид Грајмс проценил колку луѓе морале да бидат вклучени во неа. Некои од бројките се следниве: 405.000 заговорници би биле потребни ако климатските промени се измама, додека за потребите за криење на „вистината за вакцинацијата‟ би биле потребни 736.000 луѓе.

Применувајќи ја равенката, Грајмс проценил дека првиот заговор би бил откриен за три години и девет месеци, а вториот за три години и два месеца. Со други зборови, на двата заговори одамна би им било крај. Тој уште се надева дека знаењето за тоа колку овие теории на заговори се неверојатни, ќе ги убеди некои луѓе што веруваат во нив, да се предомислат.

Од друга страна, со својата пресметка понудил водич за нивно успешно одржување. Равенката на Грајмс вели дека, за заговор кој треба да трае пет години, бројот на заговорници не треба да е поголем од 2521. Ако заговорот треба да трае подолго од десет години, тој број треба да биде помал од илјада; подолг од еден век, бројот треба да е помал од 125. Во спротивно, заговорот (веројатно) ќе пропадне.

Национална географија – Вашингтон

Слични содржини