📽Вучиќ најави дека ќе организира протести: „Очекувајте покана наскоро“

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „Србија ќе биде вратена на својот чесен народ и дека и е доста од оние кои ја тероризираат четири месеци“. Неговата реакција дојде откако студентите најавија нови големи протести за понеделник, 24 март.

Тој вели дека во најкраток можен период ќе бидат повикани сите луѓе да демонстрираат на мирен и достоинствен начин дека сакаат слободна Србија.

„И бидете сигурни, нема да недостасува храброст или нешто друго. И да нè има илјада или двајца и нема повеќе, никој нема да може да го спречи тоа семе на сила и отпор, тоа семе на слобода да никне и расте, и на крајот Србија ќе победи. Наскоро очекувајте повик“, рече Вучиќ во видео објавата на Инстаграм.

Тој вели дека мора да се почитуваат институциите и ги обвинува студентите кои се собираат дека се заинтересирани за „брутална, силеџиска политика“.

Додаде дека сето ова го кажува во време кога секој пекар, фризер, ресторан се мачи поради проблемите што се предизвикани во претходните четири месеци.

„Затоа што луѓето не знаат како да врзат крај со крај за прв пат во последните десет години. Затоа што луѓето сè повеќе не можат да видат каде и како да постигнат подобра иднина за себе и за своите деца. Врие во Србија, буквално врие, само што тие не го гледаат“, рече Вучиќ.

Слични содржини