Ќе се потпише аранжман за Заеднички акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан помеѓу ЕК и РСМ

од Vladimir Zorba

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од потпишување Аранжман за спроведување на Заеднички акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан помеѓу Европската комисија и властите во Република Северна Македонија.

„Соочени со голем број на кризи, закани за мирот, стабилноста и безбедноста, а особено со закана од тероризам и насилен екстремизам, државите се обединуваат околу потребата од јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот, како и развој и унапредување на меѓународната соработка која е обединета во меѓународната коалиција за борба против тероризам. Од друга страна, исполнувањето на меѓународните стандарди за анализа и размена на безбедносните информации овозможуваат појасна слика за вистинските закани, но придонесуваат и за поголема подготвеност на надлежните институции за борба против тероризмот и насилниот екстремизам“, соопштија од Владата.

Слични содржини