🎥Тен Хаг оптимист во пресрет на мечот со Вулверхемптон

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Ерик тен Хаг го коментираше претстојниот натпревар на неговиот Манчестер Јунајтед против екипата на Вулверхемптон од 22. коло на Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ го заземаат незавидното 9. место во поредокот и заостануваат цели 11 бода од местата кои даваат право на настап во Лигата на шампионите следната сезона.

„Знаеме дека со нашата најдобра претстава можеме да победиме секого и сите во тимот се убедени во тоа. Знаат и дека со враќањето на повредените тимот ќе стане уште посилен. Тоа исто така ја зголемува мотивацијата, расположението и духот во тимот“, изјави Тен Хаг, цитиран од официјалниот сајт на клубот.

Слични содржини