📸🎥Кој е раперот на чиј концерт почна да тоне „Картел“? Минатата година беше приведен поради вандализам

од Vladimir Zorba

БЕЛГРАДСКИОТ сплав „Картел“ почна да тоне синоќа за време на настапот на раперот Цунами.

Во текот на вечерта раперот на Инстаграм објави туѓи видеа од концертот во „Картел“ на кои можеше да се види дека сплавот е полн со луѓе. Цунами е рапер од Босна и Херцеговина, роден во Сараево, со вистинско име Емин Хаџајлиќ.

29-годишниот музичар ја започна својата кариера во 2020 година, кога го објави синглот „10er“. Популарноста ја стекна со песната „Klizim po mahali“ која има 19 милиони прегледи на Јутјуб. Во 2020 година го издаде албумот Geng 33, а вниманието го привлече со соработката со хрватскиот рапер Грша на песната „Tru 2 d Gejm“. По објавувањето на албумот, Цунами започна да соработува со германските рапери BANKX и VieR44VieRom.

Mejbi, Jon Jones, Electricite, Mamba и Chiff Kiff се некои од другите синглови објавени од Цунами.

Минатата година Цунами бил однесен во просториите на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево поради цртање графити на трамваи. Нему му беше изречена парична казна и беше пуштен дома.

По апсењето, раперот на Инстаграм објави видео на кое се гледа како го снима полицаец. Тој објави и фотографија од полицаец кој држи лисици. Тогаш медиумите пишуваа дека Цунами го велича вандализмот и ги понижува службениците со објавување на овие видеа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cunamifl0

Потсетуваме, познатиот сплав „Картел“ синоќа почна да тоне додека на него имаше голем број луѓе, поради што интервенираа сите расположливи полициски единици на Секторот за вонредни ситуации, јавуваат српските медиуми. Полицијата во 00:37 добила дојава дека сплавот потонал и дека има луѓе во водата.

На страната на Инстаграм „Мој бео град“, објавено е видео на кое се гледа дека приодот до сплавот целосно потонал и дека младите гости панично бегаат од сплавот и се обидуваат да се спасат.

Слични содржини