📸 По долга пауза, Џим Кери фотографиран во јавноста: Актерот драстично го променил изгледот

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Џим Кери бил фотографиран во јавноста, откако со месеци не се појавувал никаде, по навестувањата дека ќе се повлече од светот на глумата.

Папараците го забележале актерот и комичар пред ресторан во Лос Анџелес.

Џим Кери ја поминал вечерта со своите пријатели, а она што особено го привлече вниманието на сите негови обожаватели е сосема новиот имиџ.

Имено, познатиот актер сега има коса до раменици, што изненади многумина.

Да потсетиме, актерот Џим Кери на почетокот на 2022 година објави дека се повлекува од актерството. Потоа истакна дека „доволно направил“, па ги откри своите планови.

„Одам во пензија, прилично сум сериозен. Зависи – ако ангелите ми донесат друго сценарио напишано со златно пенкало, кое ќе ми каже дека луѓето мора да го видат, можеби ќе продолжам да глумам, но правам пауза“, изјави тогаш Кери.

Слични содржини