📸Инстаграм стави предупредување на обработената фотографија на Кејт Мидлтон

од Vladimir Zorba

Пет дена по објавувањето и откако се крена бура поради дигиталната манипулација и обработка на фотографијата на Кејт Мидлтон со нејзините деца, објавена по повод Денот на мајката, се случи уште еден мал пресврт.

Самиот Инстаграм додаде црвено предупредување на фотографијата во кое пишува дека станува збор за „изменета фотографија“ откако и самата Кејт Мидлтон потврди дека ја уредувала фотографијата, наводно за сите да изгледаат добро на неа.

„Уредена фотографија/видео“, пишува на фотографијата, а ако кликнете на пораката, ќе добиете повеќе детали за самото предупредување.

„Може да има мали разлики. Независните проверувачи на факти велат дека фотографијата е уредена на начин што може да ги доведе во заблуда луѓето, но не затоа што е прикажана надвор од контекст.“

Сето ова се случува откако АФП, престижната и воедно најстара новинска агенција во светот, соопшти дека палатата Кенсингтон повеќе нема кредибилитет кај нив, но и откако сите најголеми агенции ја повлекле фотографијата од својата понуда токму затоа што била дигитално манипулирана.

Слични содржини