📽 Адвокатот на Додик: Направена е голема штета на мојот клиент, овој процес ќе падне

од Stefanija Kuzmanovska

Хрватскиот адвокат Анто Нобило денеска кратко зборуваше пред новинарите по откажувањето на рочиштето во Судот на Босна и Херцеговина за случајот против претседателот на РС Милорад Додик.

„Отфрлам дека ова беше одолговлекување, ништо не добиваме со тоа. Правото на правично судење е основата на секоја држава и секоја демократија. Тука ги извлековме изјавите на Шмит кои ја предвидеа вината на Додик. Ова е неприфатлив притисок на Судот. Овој суд е неповратно контаминиран“, е мислењето на хрватскиот адвокат.

Тој смета дека му е направена „голема штета“ на неговиот клиент и откри што побарале од Судот.

„Направена е штета на оваа кривична постапка според наша проценка. Побаравме процесот да се пресели од Сараево во Бања Лука поради неколку причини. Една од нив е од економска природа имајќи предвид дека сите обвинети се од Бања Лука“, додаде тој.

„Имаме три дена да поднесеме жалба. Апелацискиот совет направи грешка и ќе видиме што ќе направи подоцна. Ќе се видиме повторно овде, најверојатно на 20 декември“, додаде Нобило, кој на крајот рече дека овој процес „ќе пропадне“.

Слични содржини