📽 Водени торнада на две локации во Италија

од Stefanija Kuzmanovska

Џиновска водена пијавица се појави недалеку од брегот Амалфи во јужниот дел на Италија.

Граѓаните на Салерно ги фатила паника кога виделе дека „пијавицата“ со голема брзина се движи кон градското пристаниште, но не е причинета материјална штета.

Уште еден таков феномен е забележан во близина на градот Равело.

Овие појави се слични на торнада, но тие се формираат над водни површини.

Слични содржини