📽 Зак Ефрон го промени изгледот, сите се прашуваат што се случува со лицето на актерот

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Зак Ефрон отсекогаш важел за миленик на жените, а сега многумина се прашуваат што му се случило.

Имено, неговите обожаватели останаа шокирани откако тој деновиве се појави во интервју за Entertainment Weekly за да го промовира својот нов филм The Iron Clow, а тоа е поради неговиот изглед.

Во видео интервјуто, Зак се појави со пополна линија на вилицата и преобразено лице за кое тврди дека е последица на скршена вилица при несреќа во која паднал во фонтана со брадата. Неговиот нов изглед пред една година предизвика гласини за пластични операции, но тој никогаш не признал дека се одлучил за таков потег, иако евидентно е дека изгледа сосема поинаку од порано.

„Лицето му изгледа огромно“, „Можам да го замислам како Џокер“, „Што му се случи на лицето?“, „Дали ова е филтер“, се коментарите на неговите збунети обожаватели.

Слични содржини