📽Газа: БОМБАРДИРАНА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, има повредени и загинати

од Stefanija Kuzmanovska

Палестинските власти објавија дека грчката православна црква Свети Порфириј, во која биле сместени раселените Палестинци, била бомбардирана во градот Газа.

Генералниот директор на болницата Шифа, Мухамед Абу Селмија, изјави дека десетици луѓе се повредени, но дека не може да го наведе точниот број на загинати бидејќи некои тела се уште се под урнатините, пренесува АП.

Палестинските власти соопштија дека за експлозијата е одговорен израелски воздушен напад.

Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди нападот и додаде дека „нема да се откаже од својата верска и хуманитарна должност“ да пружи помош.

Еден од преживеаните изјавил за „Ал Џезира“ дека израелската армија претходно не испратила предупредување.

Црквата Свети Порфириј се наоѓа во делот Ел Зајтун на стариот Појас Газа, а во VII век станала џамија, пред да биде изградена нова црква во 12 век за време на крстоносните војни.

Слични содржини