02 иницијатива: Потрошувачката на петрол коксот заклучно со октомври 2020 година е ЗГОЛЕМЕНА за 81 отсто

од Vladimir Zorba

Потрошувачката на најгнасниот нафтен продукт, петрол коксот, заклучно со октомври 2020 година е ЗГОЛЕМЕНА за 81 процент од минатата година, а за 185% од 2018 година, споделија од О2 иницијативата за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.

За цели 46,140 тони ПОВЕЌЕ од лани, а податоците уште не ги земаат предвид последните два месеци на годината
Од 2018 година потрошувачката е ЗГОЛЕМЕНА за огромни 66,993 тони‼️

„Ова мора да запре, законот за акцизи и ослободувањето од акциза на петрол коксот за цементарници, тулани и редица други процеси не смее да продолжи“, посочуваат оттаму.

Слични содржини