139 санкционирани возачи во Скопје, 14 возачи на мотоцикли

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник, пет санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас…

Слични содржини