14 лица ја загубија битката со коронавирусот, вкупно 7.815 од почетокот на пандемијата

од Vladimir Zorba

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица, соопшти Министерството за здравство во најновиот извештај за сосотјбата со коронавирусот.

Три од починатите лица се од Скопје (46г, 58г и 89г), по 2 починати лица од Прилеп (73г и 80г) и Охрид (59г и 88г), по едно починато лице од Берово (53г), Струмица (65г), Битола (80г), Кавадарци (80г), Куманово (83г), Ресен (88г) и Кичево (91г).

Од пријавените, 13 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Вкупниот број на починати лица од почетокот на пандемијата во земјава е 7.815.

Слични содржини