1,6 милиони прегледи: Хрватски тиктокер опиша како изгледа еден ден на море (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

ХРВАТСКИ тиктокер со корисничко име @don_sony се пошегува на видео покажувајќи како изгледа еден обичен ден на море, а видеото набрзо стана вирално.

На почетокот на видеото, тиктокерот во рака држи банкнота од 100 евра, со која во 9 часот наутро го започнал фиктивното време на море.

Само два часа подоцна во рака има 50 евра, а еден час подоцна „падна“ на само 20 евра. Во 12:30 часот му останале 10 евра во рака, а во 13 часот само две евра за летна забава на море.

Клипот собра 1,6 милиони прегледи и повеќе од 40.000 лајкови за само четири дена од објавувањето.

@don_sony Običan dan na moru 🔥🏝️ #croatia #more #balkan #tiktok #hrvatska #nijeskupo #pare #euro #fyp #funny #obala ♬ Makeba – Jain

Слични содржини