Најмалку 18 луѓе починале во Соединетите држави, а други 1080 се дијагностицирани со заболувања на белите дробови поради пушење електронска цигара. Ова се наведува во извештајот објавен во четвртокот од страна на американските центри за контрола и превенција на болести.

Според документот, смртни случаи се пријавени во 15 држави. Специјалисти од Центрите за контрола и превенција на болести укажуваат на тоа дека поголемиот дел од случаите (70%) се мажи, додека во 80% од случаите зборуваме за лица под 35 години. Од нив, 16% се адолесценти под 18 години.

  Во последните неколку месеци, во САД се интензивираше дебатата за тоа дали електронските цигари имаат негативен здравствен ефект. На почетокот на септември, секретарот за здравство и човечки услуги Алекс Хазард објави дека американските власти сакаат значително да ја ограничат продажбата на миризливи е-цигари во земјата.
Во август, одделот за здравство во Илиноис ја регистрираше првата смрт од  пушење од е-цигара  . На починатиот му била дијагностицирана тешка респираторна болест.
Во јануари, Скот Готлиб, раководител на Управата за храна и лекови, им се закани на производителите на е-цигари со целосна забрана за продажба на нивните производи, ако се зголеми бројот на пушачи во 2019 година .Тој наведува статистика составена од агенцијата во која се вели дека бројот на тинејџери кои пушат во САД е двојно  се зголемени во последните години, поради продажабата  на е-цигари.