20-годишник украл мотоцикл, полицијата го фати

од Nikola Popovski

На 18.07.2023 во 09.15 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(20) од Скопје. Тој управувал мотоцикл за кој постоело сомнение дека бил одземен.

С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Мотоциклот бил вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини