20 лица го прекршиле полицискиот час, 390 не носеле заштитна маска

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во синоќешниот полициски час, од 00.00 часот до 04.00 часот констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење.

„Во текот на изминатото деноноќие (21/22.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 390 прекршоци. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19“, соопштија од полицијата.

Слични содржини