34 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

од Vladimir Zorba

Денеска (14.05.2022) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 34 возачи.

Од нив, 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, двајца возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Слични содржини