4 знаци дека на вашето тело му недостасуваат јаглехидрати

од Vladimir Zorba

Во денешно време, јаглехидратите многумина ги сметаат за непријател на здравјето. Меѓутоа, покрај протеините, подеднакво важни се и јаглехидратите.

Иако се смета дека тие се одговорни за акумулацијата на вишокот килограми, недостатокот на јаглехидрати може да му наштети на здравјето.

Нутриционистот Никола Лудлам-Рејн се согласува дека преработените јаглехидрати треба да се елиминираат, но секако не сите. Јаглехидратите се „горивото“ кое му е потребно на телото да се движи, а мозокот да размислува.

Затоа, доколку избегнувате јаглехидрати, може да очекувате проблеми, а еве кои се симптомите кои откриваат дека ви недостасуваат во организмот, пишува Healthy eating.

1. Недостаток на енергија

– Доколку целосно го намалите внесот на јаглехидрати, веројатно ќе забележите дека имате помалку енергија – вели нутриционистот.

Иако нашето тело може да користи други работи за енергија, јаглехидратите ќе ја обезбедат побрзо, па телото ќе функционира подобро.

2. Замор

На мозокот му е потребна гликоза за да функционира правилно. А кога не внесувате доволно јаглехидрати, може да се најдете во лошо расположение, а концентрацијата ќе ви биде „во црвено“.

Заедно со протеините, тие ќе помогнат во производството на триптофан, кој се претвора во серотонин, попознат како хормон на среќата.

3. Варење

Кога елиминирате премногу јаглехидрати, на вашето тело му недостасуваат важни извори на диетални влакна. Тие вклучуваат свежо овошје, мешунки и цели зрна.

Влакната се неопходни за добро варење, а да не зборуваме за контрола на шеќерот и холестеролот во крвта.

Ако имате проблеми со стомакот или дигестивни проблеми, размислете да го зголемите внесот на здрави јаглени хидрати богати со влакна.

4. Чувство на вртоглавица

Нутриционистот советува дека падот на концентрацијата и блага вртоглавица би можеле да бидат последица на недоволно внесување на јаглехидрати.

– Еден од знаците дека исфрлате премногу јаглехидрати од исхраната е намалената ментална активност – заклучува нутриционистот Лудлам-Рејн.

Слични содржини