5000 денари казна за паркирање на место за лица со посебни потреби

од Берта Китинска

Пајак службата располага со 8 специјални возила. Согласно Ценовникот, надоместокот што се плаќа за подигнато возило зависи од местото од каде е подигнато – од јавна сообраќајница чини 2500 денари ако се подигне од Пајак, а ако сопственикот се најде на лице место 1500 денари. Ако се подигне возило паркирано на место за лице со посебни потреби се плаќа 3000 денари доплатен билет и 2000 ден за отстранување со пајак, вели Елизабета Атанасова од Секторот за општи и правни работи на ЈП Градски паркинг за Утрински брифинг.

-Нашето депо е на ул Никола Карев, кај Транспортен центар. Возилото може да го подигне само сопственикот со покажување лична карта на увид, со претходно платена пајак услуга и обврски кон сообраќајна полиција, вели Атанасова.

Таа додава дека секој возач треба да знае дека возилата се отстрануваат ако се неправилно паркирани, а Пајак службата не ги известува сопствениците дека возилото им е подигнато. Службата дејствува на територија на град Скопје и општините.

Слични содржини