286
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 24 Мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ , ден на сесловенските просветители.
Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на верниците од исламската вероисповест-Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
Поради тоа, понеделник, 25 мај, ќе биде неработен за сите граѓани во нашата земја.
Министерството за труд и социјална политика ги честита празниците на сите граѓани.