389
Актерот Џеки Чен, благодарение на неговите улоги, е препознатлив како симпатичен лик што секој го сака. Сепак, тоа не е случај во приватниот живот.
Имено, во своите мемоари „Newer Grow Up“, тој откри дека направил многу грешки во животот, и дека во минатото се однесувал кон жените како „вистински кретен“.
Покрај тоа, тој призна дека честопати возел под дејство на алкохол, но и дека е склон на коцкање.
Кога ја запознал својата сегашна сопруга Џоан Лин, со која е во брак од 1982 година, ја сметал за спонзоруша, а потоа ја изневерил со мисица.