На последниот од низата предизборни митинзи, американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја повтори приказната за неговата улога во решавањето на конфликтот меѓу Белград и Приштина – барем како што тој гледа.
„Знаете, јас бев номиниран за Нобелова награда за мир, од различни причини … На пример, Косово и Србија. Но, само малку, нели тие постојано војуваат, зарем не се убиваат едни со други? Им реков „нема бизнис сè додека не престанете да се убивате едни со други“. И знаете што? Им беа потребни 20 минути, а тие се убиваа 40 години, мислам дека се борат 400 години, но по 20 минути поминати во Овалната соба, тие се прегрнуваа и се бакнуваа“, рече претседателот на САД на митингот во Небраска.
Патем, ова не е прв пат Трамп да ја пофали неговата улога во „решавањето“ на конфликтот меѓу Белград и Приштина.
„Ви раскажав приказна пред некој ден. Косово и Србија меѓусебно се убиваат со години. Едноставно се убиваа. Тие не се согласуваат. Како Израел и Палестинците. Им реков, зошто се борите и се убивате? Тие имаат многу разлики, вклучувајќи ги и верските. Им реков, што правите? Ние тргуваме со двајцата, така што имаме одредена моќ. Им реков, слушајте, ајде да склучиме договор, да создадеме економски мир, а со тоа и мир. Дојдоа во мојата канцеларија, во Овалната соба да потпишат. Тие се прегрнаа, убаво беше да ги видам. Спасивме многу животи“, рече Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија во септември.