Новите соеви на коронавирус предизвикуваат загриженост низ целиот свет. Бројките растат и иако децата во претходниот перод поминаа „поблаго“ , сега бројот на позитивни е во пораст и се очекува, кога ќе започне учебната година, да има уште повеќе.
– Бевме спокојни што се однесува до децата, но последните два-три дена децата доаѓаат кај нас на амбулантско ниво и веќе ги потврдуваме како лекари да ги примаме во болница. Се загрева, полека, нема простор за паника, но имаме PCR позитивни пациенти со клинички слики – вели хрватскиот детскиот пулмолог Д-р Оливера Остојиќ.
Клиничката слика е слична на минатата година и нема големи промени, рече таа.
– Умерено тешки респираторни симптоми, сликата не е многу променета, барем кај овие пациенти во последните денови. Се очекува дека почетокот на учебната година и помасовните посети на колективот ќе донесат поголем број случаи.