Премиерот Зоран Заев посочува дека на денешната вонредна седница на Влада била донесена тридневна жалост на територија на целата држава по страшната несреќа која се случи вчера во Тетово.
„На седницата ја прифативме понудата од сојузничките земји за обезбедување странски експерти за истраги при експлозии и пожари“, посочува Заев.
На денешната вонредна владина седница прогласивме тридневна жалост на територијата на целата држава за несреќата во КОВИД центарот во Тетово.
На седницата ја прифативме понудата од сојузничките земји за обезбедување странски експерти за истраги при експлозии и пожари. pic.twitter.com/VD9yY9hKwG
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) September 9, 2021