Руските воени сили се наоѓаат во Сирија веќе многу години и тие помагаат во обука на техниките за борба против терористите. Тоа го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според зборовите на Лавров присуството на руски воени е поврзано со “испораките на оружје за сириската армија, која носи основното бреме при спречувањето на тероризмот”. “Тие се наоѓаат таму за да им помагаат на Сиријците да апсорбираат оваа техника”, истакна Лавров.
“Со авионите што летаат за Сирија, Русија испраќа и воена опрема согласно со постоечките договори, покрај хуманитарната помош”, изјави рускиот министер.
Русија ги отфрли обвинувањата дека дејствува во Сирија и повика да се координираат активностите во борбата против Исламската држава, изјави Лавров.