Кастриот Реџепи: Коалицијата СДСМ-БЕСА е победничка опција и сигурно идната влада

од Ивана Рамаданова
763 прегледи

Апсолутно сме убедени дека коалицијата СДСМ-БЕСА е победничка опција и сигурно идната влада. Ние сме поставиле неколку цели како што се реформите во судството, економскиот просперитет, обезбедување на нови работни места и подеднакви можности за сите граѓани за иднината да ја градат тука во нашата држава, изјави потпретседателот на БЕСА, Кастриот Реџепи.

Тој смета дека САД се најбитен стратешки партнер на Северна Македонија и во сите нивни настапи тие јавно укажуваат дека нашата земја треба да прави огромни реформи посебно во судството.

„Нормално дека тие нема да подржат политички елити кои го узурпирале судството и целокупниот правен систем и го ставиле во функсија на партиските интереси. Затоа ние пораките од САД ги сваќаме дека тие ќе подржат секој што е спремен да работи во делот на владеење на правото и правната држава камо и во функсија на заедничките цели како дел семејството на НАТО и патот кон интегрирање во Европската Унија“, смета Реџепи.

Тој смета дека долги години владеење станува мачно и за самите луѓе од ДУИ.

„Тие веќе неколку мандати не можат да испорачуваат позитивни политики за албанците во државата. Само една паралела да се направи меѓу осиромашувањето на албанците во средините кај што живеат и збогатувањето за брзо време на функсионерите ма ДУИ ќе увидите дека колку тие работеле во интерес на албанците. Затоа време е ДУИ да премине во опозиција и да почне процес на прочистување и реформи во нивната партија и ако успее да преживее таков процес има надеж за нив ако не тоа ќе биде и нивен крај како политичка партија“, додава Реџепи.

Наша цел како партија, додава Реџепи е дека секој што злоупотребил службена положба мора да одговара пред закон.

„Ние сме убедени дека со нашето владеење во идната влада ќе успееме да воведеме ред и да креираме услови за да владеење на правото и правната држава да биде врвен приоритет“, потенцира Реџепи.

Тој смета дека некои политички партии многу енергија трошат со тоа што законот за јазици го користат во негативен контекс.

“Реалноста на нашето општество мора да се почитува. Гарантирање на правата на етничките заедници не треба да се толкува како да едни му земат некое право на другите туку треба да се размисли во позитивна насока како сите заедно да изградиме подобра иднина за сите. Затоа и не очекувам дека ова тема ќе треба да де политизира и да се користи за дневно политички цели“, вели Реџепи.

И.Р.

 

 

Слични содржини