Адел лудо се забавуваше по доделувањето на Оскарите (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поминаа месеци од кога последен пат ја видовме британската музичка sвезда Адел во јавноста, која во последните години го пресели својот живот во Лос Анџелес. Токму таму, по доделувањето на овогодинешните Оскари, се одржа забава, на која таа присуствуваше.

Во добро расположение, Адел пееше и танцуваше цела ноќ со своите славни пријатели на забавата што се одржа по годинашните Оскари.

Познатата британска пејачка немавме шанса да ја видиме со месеци, а она што може да се заклучи од фотографијата што нејзината пријателка, актерката Амбер Робинсон, ја објави на нејзиното Инстаграм „стори“, е дека Адел изгледа подобро од кога било.

Двете пријателки направија селфи, а таа фотографија едвај ја дочекаа нејзините обожаватели.

Слични содржини