Адел со фотографии од безгрижно лето

од Vladimir Zorba

Безгрижна и среќна. Ова се двата збора што можеме да ги користиме за да го дефинираме летото на Адел. Пејачката, која ретко споделува лични моменти на социјалните мрежи, објавува дури десет фотографии од одморот со пријателите.

„Лето 2019“, напишала уметничката под снимките на кои се гледа дека поминува одлично време без својот поранешен, опкружена со нејзините најблиски. 

Адел била на шатор во планините, се искапила во езеро, испловила ба луксузна јахта … На фотографиите, таа изгледа во неверојатна форма, а насмевката не престанува да блеска на лицето. 

Снимките ги израдуваа нејзините следбеници и коментарите беа огромни. 

„Изгледаш толку среќна и убава. Ми го направи денот. Ајде девојко!“, „Забавувај се. Јас сум многу среќен што ја видов твојата насмевка“, напишале нејзините фанови. 

31-годишната пејачка се раздели со сопругот Симон Конецки во април годинава. Тогаш се шпекулираше дека има нов партнер, но досега Адел не потврдила дека се дружи со никого. Очигледно, нејзиниот развод ѝ годи добро затоа што ѕвездата изгледа шрекрасно.  

View this post on Instagram

Summer 2019 💫

A post shared by Adele (@adele) on

Слични содржини