Адеми: Во тимот на Бајден, има луѓе кои многу добро го познаваат Балканот и С.Македонија, и оттаму сметам дека нема причина за грижа

Во своето гостување во 24 анализа, првиот соработник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев во Владата на С.Македонија, Едмонд Адеми, потенцираше дека новата Америка ќе ја врати нацијата назад, но само навидум, со оглед на тоа дека Бајден ќе ги врати САД во нормалното функционирање.

„Ние имбасадор околу 2 години немаме во Вашингтон и сметам дека дел од причините се објективни. Имено, тоа е поради тоа што влеговме во процес на Техничка влада, потоа изборите следуваа, Ковид, како и повторните избори. Во тимот на Бајден, има луѓе кои многу добро го познаваат Балканот и С.Македонија, и оттаму сметам дека нема причина за грижа. Во однос на спорот со Бугарија, американската администрација беше јасна кога истакнаа дека САД се разочарани од моментот, и дека процесот на пристапните преговори требаше да се оддржи и секако членството не треба да биде основа на билетарните односи. Мене луѓето кои се во тимот на Бајден, ми влеваат надеж дека ќе бидат дел од процесите на Зпаден Балкан“, истакна Адеми.

Слични содржини