Администрацијата на Бајден најави проширување на правото на привремен престој на Украинците во САД

од Radmila Tasevska

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден најави продолжување на привремениот престој на Украинците кои најдоа засолниште во таа земја по руската инвазија.

Според новата одлука, 166.700 Украинци ќе можат да аплицираат за привремен заштитен статус во САД, додека 26.000 во моментов го имаат тој статус, објавија американските власти.

За да се квалификуваат за привремен престој, Украинците мора да бидат на територијата на САД најдоцна до 16 август, односно најмалку два дена пред објавата на американската администрација.

Украинците кои ги исполнуваат условите за привремен престој имаат право на работна дозвола во САД.

Првично беше планирано привремениот статус на Украинците да истече на 19 октомври 2023 година, но тој е продолжен за 18 месеци – до 19 април 2025 година.

„Руската воена инвазија на Украина и хуманитарната криза која произлезе ја тераат САД да продолжи да обезбедува сигурност и безбедност на Украинците кои можеби нема да можат да се вратат во својата земја“, изјави американскиот секретар за внатрешна безбедност Алехандро Мајорка.

Слични содржини