Администрацијата ја прекина работата: „Не дозволуваме вработените да бидат казнети“

од Nikola Popovski

Административните работници го започнаа денешниот двочасовен прекин на работата.

-Денеска протестираат Катастар, Фонд на Пиом, Фонд на здравство, сите локални самоуправи, министерства, судовите и секаде што синдикатот на УПОЗ е застапен. Имавме притисоци во одредени синдикални организации. Таму каде што се изразени притисоците, колегите се во сала, не им е дозволено да бидат надвор, но пак има прекин на работен процес, изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски пред новинарите откако стапи на сила двочасовниот прекин на работата во администрацијата, управата и правосудството.

Според него, денешниот протест е на барање на вработените.

-После овие два дена пак ќе седнеме и ќе разговараме со членовите. Нема да дозволиме ниту еден вработен да биде казнет и да не биде засегнат со плата. Ќе направиме се за вработените, информира Деаноски.

Тој додаде дека во нивниот дел се опфатени 13 илјади вработени.

-Бараме дополнително зголемување на платите. Нашиот амандман не беше прифатен во Собрание, додаде претседателот на УПОЗ.

 

Слични содржини