Адвокатката на Јанкуловска: Спроведувањето во затвор е надвор од законските процедури, но штетата веќе е направена

од Nikola Popovski

Според адвокатката на Гордана Јанкуловска, Сања Алексиќ, спроведувањето на поранешната министерка за внатрешни работи на издржување на затворската казна во „Идризово“ е надвор од законските процедури.

За Алексиќ, штетата е веќе направена и сега е доцна да се реагира.

„Нема примена во текот на вчерашниот ден упатен акт кога треба да се јави доброволно… На кој начин ќе реагираме за тоа што е направено, ако и се врачеше упатен акт. Штетата е направена, таа знаеше дека ќе треба да се јави на издржување, но има процедура има закон повреден е законот на штета на осудената. Имаше еден упатен акт кој бше со конкретен датум, на кој бараше одложување поради возраста на детето. Друг упатен акт нема добиено“, изјавила Алексиќ.

Претходно Јанкулоска побара и доби одложување на одење во затвор, а втор пат тоа го направија нејзините адвокати кога побараа од Врховниот суд да ја преиспита пресудата против неа.

Од Основниот кривичен суд, пак, вчера соопштија дека на ексминистерката претходно веќе ѝ е издаден упатен акт кој не се реализираше бидејќи Врховен го одложи извршувањето на казната, па сега со новата одлука на највисокиот суд, стариот упатен акт само се активирал и немало потреба од издавање на нов.

Јанкулоска од вчера попладне почна да ја отслужува казната за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на блиндираниот „мерцедес“.

Слични содржини