АФП: Дербито на Србија најголем собир од укинувањето на мерките, навивачите не ги испочитуваа препораките

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот натпревар помеѓу Партизан и Црвена Звезда собра најмногу луѓе на едно место во Европа од укинувањето на ограничувањата поради пандемијата на коронавирус, јави агенцијата Франс Прес.

Според официјалните податоци, 15.803 гледачи присуствувале на натпреварот за српскиот фудбалски Куп на стадионот Партизан.

АФП наведува дека настанот во Белград не бил во спротивност со мерките на државата Србија, која дозволи масовни собири во неограничен број.

Сепак, се додава дека не се забележани здравствени мерки на претпазливост меѓу навивачите.

Франс Прес пишува дека претходно голем број на навивачи се наоѓале на стадионот во Унгарија, што први се предаде на мерките за фудбал.

Се додава дека „вечното“ дерби помина без инциденти и дека Партизан победил со 1:0 и се квалификувал за финалето на Националниот Куп.

Фудбалот во Србија продолжи на 29 мај, по пауза од два и пол месеци поради пандемијата.

На фановите им е дозволено да присуствуваат на стадионите од 1 јуни.

Слични содржини