Агенција на ЕУ: Понудата и употребата на дрога се зголеми по пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Агенцијата за дроги на ЕУ (ЕМЦДДА) во вторникот го претстави Европскиот извештај за дрогите за 2022 година „Трендови и развој“, во кој посочуваат дека употребата на дрога е зголемена поради високата достапност низ Европската унија, а во некои случаи ги надминува и предпандемиските нивоа.

Според податоците за употребата на дрога, постојат знаци за враќање на нивоата пред пандемијата, а анализата на отпадните води открила зголемување на употребата на кокаин, крек, амфетамин и метамфетамин во некои градови на ЕУ помеѓу 2021 и 2022 година.

Се проценува дека во 2020 година имало 5.800 смртни случаи од предозирање

Се предупредува дека има видливо зголемување на достапноста на амфетамините, а во 2020 година биле запленети 21 тон и затворени 78 лаборатории. Извештајот укажа на зголемен број погони за производство на метамфетамин.

Извештајот, исто така, забележа дека купувањето на дрога на мрежата Darknet опаѓа, а во 2021 година проценетиот приход падна на 30.000 евра дневно (во 2020 година беше еден милион евра дневно). Извештајот, исто така, повикува на поголема потреба од зголемување на бројот на услуги за лекување на зависности и намалување на штетата за интравенозните корисници на дрога во ЕУ.

Се проценува дека имало еден милион високоризични корисници на опиоиди во ЕУ во 2020 година, а се наведува дека обезбедувањето третман сè уште е недоволно застапено во многу земји-членки. Се проценува дека во 2020 година имало 5.800 смртни случаи од предозирање со дрога, а повеќето од нив биле поврзани со токсичноста на неколку видови дроги.

Слични содржини