Ахмети за „Монструм“: Немам информации зошто не сум дел од тој процес

од Vladimir Zorba

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети нема информации кои функционери од неговата партија се вмешани во масакрот кај Смилковското езеро од пред шест години. Откако вчера таткото на убиениот Александар Наќевски обвини дека потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта комуницирал со обвинетиот Фејзи Азири, Ахмети одговори дека остава расветлување на вистината во судската постапка. Не прецизираше дали е информиран дека петмина негови сопартијци директно се поврзани со петкратното убиство.


„Немам информации зошто не сум дел од тој процес и тие објаснувања би било добро да ги побарате во самиот процес.“ – изјави Али Ахмети – лидер на ДУИ, пишува 24 вести.

Слични содржини