Актерот Кристијан Оливер и неговите две ќерки загинаа во авионска несреќа

од Vladimir Zorba

Американско-германскиот актер Кристијан Оливер (51), познат во филмскиот свет по улогата во новиот „Indiana Jones“, загина во авионската несреќа, заедно со двете ќерки Мадита (10) и Аника (12) како и пилотот кој управувал, објави британски Експрес.

Малиот авион се урнал во четвртокот во близина на островот Бекија, кој е дел од Ст. Винсент и Гренадини.

Застрашувачкиот момент е фатен на камера и споделен на социјалните мрежи, додава британскиот портал.

Едномоторниот авион полетал од блискиот аеродром и летал за Света Луција кога наишол на проблеми и се урнал во океанот. Пронајдени се телата на четири лица.

Меѓу другото, Оливер е познат по неговите улоги во филмовите „Speed ​​​​Tracer“ и „Valkyrie“.

Слични содржини