Актерот не дојде по својот Златен глобус поради голема трагедија


Актерот Расел Кроу поради пожарите во својата родна Австралија не беше присутен на доделувањата на Златните глобуси на кои е награден за улогата во минисеријата „The loudest Voice“.

Расел Кроу за време на доделувањата претстојуваше во Австралија каде го штити своето семејство и дом од пожарите кои ја покосуваат државата, открила водителката на церемонијата Џенифер Анистон.

Актерот припремил говор во кој ја осудил владата која и покрај големите пожари кои нанеле невидена штета на Австралија, го отфрлуваат влијанието на климатските промени.

– Нема сомнеж дека трагедијата која се одвива во Австралија е последица на климатските промени – порачал актерот преку Анистон, која ја прочитала неговата порака.

– Мораме да делуваме нод темел, нашата работна сила да ја префрлиме во енергија која се обновува и да ја почтуваме нашата планета како единствено и неверојатно место кое е. На тој начин ќе имаме иднина, ви благодарам – заклучил Кроу.

Слични содржини