Алаба 100% подготвен за финалето со Ливерпул

од Vladimir Zorba

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба изјави дека се чувствува добро и подготвен е за финалето на Лигата на шампионите.

Шпански Реал Мадрид, чиј дрес го носи Алаба, во сабота на 28 мај во француската престолнина Париз ќе се соочи со англиски Ливерпул.

29-годишниот фудбалер се повреди на натпреварот против Осасуна во шпанското првенство и одигра само едно полувреме на првата средба со Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој ги продолжи тренинзите минатата недела и е убеден дека целосно ќе се опорави за големиот натпревар овој викенд.

„Јас се чуствувам добро. Имав доволно време да се опоравам. Работев многу напорно во изминатите неколку дена за да бидам 100 отсто подготвен за финалето“, изјави Давид Алаба за официјалниот сајт на Реал Мадрид.

Натпреварот на „Стад де Франс“ е во сабота од 21 часот по македонско време.

Слични содржини