Алаба го понесоа емоциите, се фати за СТОЛ и направи ШОУ!

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба на урнебесен начин го прослави третиот гол на својот соиграч Карим Бензема.

Да потсетиме, Реал Мадрид на домашен терен го совлада Пари Сен Жермен со 3:1 по неверојатен пресврт, а херој на големиот триумф на кралскиот клуб беше Французинот Карим Бензема, кој постигна „хет-трик“ на овој меч.

Кога Бензема третпат на мечот ја затресе мрежата на Донарума и на Мадрид му донесе резултат кој ги води во четвртфиналето на Лигата на шампионите, воодушевениот Алаба од среќа зграпчи столче и го крена високо во воздух.

Необичната прослава на Алаба стана хит на социјалните мрежи.

Слични содржини