Албанија со честитки до Македонија за поканата за НАТО

од desk2

Албанскиот претседател Илир Мета на Твитер упати честитки до Македонија за добиената покана за членство во НАТО.

„Самитот на НАТО во Брисел ја зајакна значајната трансатлантска поврзаност преку поангажирачки одлуки за сите. Ја поздравувам добиената покана за членство на идната Република Северна Македонија, катализатор за поголема безбедност и стабилност во Западен Балкан“, напиша Мета.

Добивањето на поканата ја поздрави и премиерот Еди Рама.

„Високо оценувајќи го договорот постигнат меѓу Атина и Скопје, Албанија го поддржува почетокот на процедурите за што побрзо членство во НАТО на Република Северна Македонија“, напиша Рама на Фејсбук.

Слични содржини