Албанските партии имаат историска шанса во четврток, смета Апасиев

од Nikola Popovski

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека албанските партии имаат „историска шанса да го стават ДУИ во опозиција“.

-Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат, објави Апасиев на Фејсбук.

Според него, ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а останатите максимум 9.

-Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ, потенцира пратеникот.

Слични содржини