Алексов: Улогата на „Стартап Македонија“ е да се обезбеди соработка меѓу сите стартап чинители

од Vladimir Zorba

Од почетокот на септември во центарот на Скопје функционира центарот MKstartups Space наменет за настани, вмрежување и едукација на иновативните претприемачи. Центарот се наоѓа кај автобуската станица Рекорд, и е под водство на Асоцијацијата Стартап Македонија со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

Стартап Македонија активно го развива македонскиот стартап и иновативен екосистем веќе 3 години. По тој ви пренесуваме дел од интервјуто со првиот човек на асоцијацијата Дејан Алексов за порталот Стандард.

Работите на зајакнување на капацитетите, овозможување соработка, развој на претприемачкиот начин на размислување, споделување на можности и надминување на предизвиците се со цел, меѓудругото,  компетитивни работни места и економска стабилност за македонското општество Дали имате официјални податоци за досегашните позитивни трендови кои ги предизвика Стартап Македонија во изминатите 3 години?

– Улогата на Стартап Македонија е да ги олесни поврзувањето и соработката помеѓу сите стартап чинители во екосистемот. Да ги увиди и посочи недостатоците со цел напредок. Да овозможи транспарентни информации за сите заинтересирани.

Во 2018 Стартап Македонија направи “startup ecosystem истражување” каде беше потенцирана фрагментираноста на екосистемот и нескладноста помеѓу понудата и побарувачката. Во извештајот се посочени дел од недостатоците, а од информациите што ги имаме денес е дека неколку од организациите работат на тие недостатоци и компании кои се отворени за да работат токму на потполнување на тие недостатоци.  

Интервјуто во целост прочитајте го ТУКА.

Слични содржини