Aлтернатива до Алијанса: Нашиот договор е потрошен

од Берта Китинска

„Бидејќи веќе поминавме два изборни циклуси во коалиција со Алијансата за Албанците, нашиот договор за соработка всушност е потрошен. Сепак, останува отворена можноста оваа соработка да продолжи и на следните избори кога и да се одржат“, велат од Алтернатива отккао вчера Алијансата за Албанците преку соопштение ја праша партијата која преговара со Заев дали нивниот договор за соработка се уште важи.

Во соопштението се додава дека Алтернатива не ја доживува Алијанса за Албанците како спротивставена страна, но дека „за нас не е добар начин на комуникација да пресметуваме кој со кого и колку пати се сретнал, бидејќи така ќе станеме непотребни должници“.

Алтернатива порачува дека сака да остави простор за комуникација и соработка со Алијанса за Албанците, чии членови ги смета за пријатели и соработници.

Слични содржини