Амбасадорката на С. Македонија во Бугарија: Нашата држава не може да ви каже дека немате право да се чувствувате како Македонци

од Vladimir Zorba

Државата Северна Македонија не може да ви каже дека немате право да се чувствувате како Македонци. Она што го забележав откако сум овде, ова е мое лично размислување, е дека има три различни групи. Во Северна Македонија македонскиот народ е етаблиран како посебен народ со свое чувство, со свои етнокултурни карактеристики, со своја историја. Има Македонци со бугарско етничко потекло и можеби се чувствуваат како етнички Бугари и територијални Македонци, што јас го гледам како прашање на двоен идентитет – етнички и географски. И мислам дека има Македонци кои се чувствуваат само Македонци. Сега прашањето е како да се поврзат овие три групи, вели во интервју за бугарски „Капитал“ Агнеса Руси Поповска, амбасадор на С. Македонија во Бугарија од септември 2022 година.

Посочува дека има Бугари што немаат врска со Македонија.

-Имаме македонски Бугари. Навистина некои работи и ќе мора да научиме и разбереме бидејќи има многу работи што не ги разбираме. Мора да се ставите во туѓа кожа за да разберете. Најлошо е ако нема комуникација. Ајде да седнеме да разговараме, да се разбереме, да најдеме заеднички јазик. Не сакаме некој да ни каже дека сме само територијални Македонци и немаме етничка група, истакнува Руси Поповска.

„Овде сум неполна година и гледам дека во Македонија не се слушаат гласовите на умереност, конструктивност и желба за зближување во Бугарија. Во Македонија се слушаат гласови на крајности кои се засилуваат. И ми се чини дека и овде и таму има некои центри (на влијание) кои напредуваат во оваа тензија, во состојба на конфликт меѓу нашите две земји. Како да се ограничи нивниот простор? Не гледам друг начин освен заемно корисни проекти и поконструктивен тон. Друг начин нема“, децидна е амбасадорката.

Вели дека доцнењето на европската интеграција на Северна Македонија не е во интерес ниту на македонскиот, ниту на бугарскиот народ.

-Тоа не е во интерес на нашите две земји. Или тоа се интереси на групи, или трети земји имаат интерес да продолжи оваа тензија, смета амбасадорката.

Слични содржини