Американската полиција повторно УБИ ЧОВЕК ВО МИНЕАПОЛИС, протести на улиците (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Американските маршали убија едно лице додека се обидувале да го уапсат во Минеаполис, а станува збор за осомничен со државна потерница.

Настанот предизвика помал протест во градот, кој сè уште е оптоварен со полициското убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

„За време на инцидентот, субјектот кој бил во паркиран автомобил не го почитувал предупредувањето и покажал оружје, што резултирало со тоа припадниците на специјалната единица да пукаат кон него“, се вели во соопштението на Маршаловите сили, пренесува „Ројтерс“.

Не е наведено кои службеници за спроведување на законот биле вклучени во инцидентот, но меѓу нив немало полицајци од Минеаполис, чии припадници го убија Џорџ Флојд пред една година.

Полицијата се обидела да го оживее човекот, но лекарите на самото место го прогласиле за мртов. Жената која била во автомобилот со осомничениот се здобила со полесни повреди од скршено стакло.

Очевидци велат дека слушнале десетина истрели.

Слични содржини