Американски бизнисмен за најдобрата инвестиција во моментов: Биткоинот ќе биде „најбрз коњ за тркање“

од Vladimir Zorba

Американскиот бизнисмен и автор на бестселерот Богат татко, сиромашен татко, Роберт Киосаки, сподели неколку совети за оние кои сакаат да инвестираат во овие тешки времиња.

Киосаки смета дека биткоинот во последно време покажува добри перформанси и би можеле да бидат најпаметна инвестиција во овој момент.

“Златото во 2020 година порасна за 35%, S&P само 3%. Среброто и понатаму е 30% под историски највисоката вредност, се користи во индустријата и понатаму е достапно за оние со помали буџети. Биткоинот е заспан. Очекувам дека ќе биде „најбрз коњ за тркање“, смета Киосаки.

Сличен ваков став има и поранешниот директор за продажба на Goldman Sacks, Раул Пол, наведувајќи дека биткоинот е подобра инвестиција дури и од златото.

Некои аналитичари уверуваат дека биткоинот ќе достигне вредност и од 100.000 долари.

Слични содржини