Американци ја купија Аталанта

од Vladimir Zorba

Група инвеститори предводени од косопственикот на НБА тимот на Бостон Селтикс, Стивен Паљука, постигнаа договор за купување на мнозинскиот пакет на италијанскиот фудбалски клуб Аталанта, пренесe Ројтерс.

Американски инвеститори за околу 500 милиони евра купија 55% од акциите на клубот кој во последните сезони е на врвот во Серија А, а е забележан и во еврокуповите.

„Аталанта и Бостон Селтикс делат исти вредности, тимска работа и исклучителен однос со навивачите и заедницата. Ќе направиме се за да ја задржиме Аталанта на врвот на италијанскиот фудбал, но и да биде забележанa во Европа“, изјави Паљука.

Слични содржини