Американците за првпат влегоа во Лидл, а нивните реакции се непроценливи (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

САД конечно добија продавница „Лидл“, по првиот неуспешен обид за влез на американскиот пазар, а нејзините жители побрзаа да одат во шопинг.

Имено, германскиот ланец на мало планирал да отвори 100 свои објекти до летото 2018 година, сепак, работите тргнаа наопаку, затоа што се сметаше за закана за Волмарт, Крогер и другите регионални продавници.

Сега, сепак, корисниците на Твитер не ја пропуштија можноста да го споделат своето мислење во врска со „величенственото влегување“, а видеото на „ТикТок“ најдобро ги покажува реакциите на Американците на ниските цени и свежите колачи.

Овој ланец на продавници дојде таму точно во вистинско време, кога кризата зафати огромен дел од населението. Видеото има 700.000 прегледи на самата апликација и околу два милиони на Твитер, а Европејците добро се забавуваа кога го гледаа.

Некои од коментарите на збунетите американски клиенти беа: „Толку многу свежи колачи и слатки!“; „Секоја недела, тие даваат попуст за одредени работи“. Бидејќи сликите зборуваат подобро од зборовите, подолу можете да видите како изгледаше на социјалните мрежи.

Лидл, патем, започна да влегува на пазарот таму во 2017 година.

 

Слични содржини